МЖСПП: Потпишан меморандум за соработка во заштитата на животната средина со Република Црна Гора

Во рамките на престојот во Подгорица, Република Црна Гора, по повод одржувањето на прва Заедничка седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Црна Гора, на ден 24.05.2019 година министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари билатерална средба со министерот за одржлив развој и туризам на Република Црна Гора, Павле Радуловиќ

При тоа, тие потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за одржлив развој и туризам на Република Црна Гора, за соработка на полето на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Со потпишувањето на Меморандумот се зајакнува и продлабочува соработката на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој меѓу овие две држави и се отвора можност за реализација на заеднички проекти на нашиот пат кон ЕУ.

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање