МЖСПП: Средба со францускиот амбасадор Бомгартнер

Развивањето на добрата соработка и продолжување на поддршката што Франција и ја дава на нашата држава во процесот на пристапување кон Европската Унија како генерална определба на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Франција и денес ја потврди францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, на средбата што ја имаше со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Министерот Нуредини искажа задоволство од можноста за продолжување и продлабочување на добрата соработка во делот на заштита на животната средина и климата. Зборувајќи за идни планирани активности беше укажано дека Француската агенција за развој, може да помогне особено во проектите за подобрување на инфраструктурата за прочистување на отпадни води и во проектите за подобрување на енергетската ефикасност.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање