O.Аеродром: Поддршка за пензионерите од Шекеринска и Марин

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, на ден 02.05.2019 година остварија средба со раководството на Здружението на пензионери „Солидарност ‒ Аеродром“.

На средбата вицепремиерката ги истакна мерките што ги презема Владата за подобрување на животниот стандард на пензионерите, бидејќи, како што истакна таа, „на сите треба да ни е важно што се случува во светот на пензионерите“.

 
Во таа насока и Општина Аеродром се вклучи во обезбедување целосна поддршка на оваа категорија граѓани, со цел подобрување на нивните услови за живот. Градоначалникот Марин неодамна потпиша Меморандумот за соработка, вклучувајќи ги пензионерите во информирање за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.

 
Претседателот на Здружението, Димитрија Богатиноски, изрази благодарност што локалната и централната власт имаат слух за проблемите и изрази убеденост дека во иднина идентификувањето и решавањето на прашањата ќе се одвива со заеднички пристап.

Извор: Општина Аеродром