О.Аеродром: Акција за собирање електронски и електричен отпад

 Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ до крајот на годината ќе реализира голема екоакција за собирање електронски и електричен отпад од домаќинствата и компаниите на целата територија на општината.

Граѓаните и правните лица можат секој ден да се јават на ЕКОЛИНИЈАТА 070 236 000 и да ги пријават непотребните електрични и електронски уреди од нивните домови или компании.

Услугата е бесплатна, единствено што е потребно уредите да се исклучени од вода и струја и да се на достапно место за преземање.

Правните лица ќе бидат обезбедени со целосната документација што ја налагаат законските регулативи дека на безбеден начин што не го загрозува здравјето на луѓето и животната средина и согласно со законот направиле материјален испис на отпадот.

Под електронски отпад се подразбираат статични и лаптоп-компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3-плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видеокамери, принтери, скенери, факс-машини и стереосистеми, додека под електричен отпад се подразбираат шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, клима-уреди и други апарати од домаќинство што работат на струја.

Овој отпад дејствува како нетоксичен, но неговото несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои сериозно влијаат врз здравјето на луѓето и воопшто на квалитетот на животната средина.

Извор: Општина Аеродром