О.Аеродром: Асфалтирани улици со површина од 4.000 квадратни метри

Општина Аеродром во изминатиот период асфалтираше улици со површина од 4.000 квадратни метри.

Станува збор за реконструкција и одржување на веќе постојни улици во Горно Лисиче и Мичурин.

Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со овие активности на ниво на целата територија на Општината, со цел подобрување на инфраструктурните услови.

  Извор: Општина Аеродром