О.Аеродром: Еколошка едукација на „Нула отпад“ во ООУ „Ѓоргија Пулевски“

Соработката меѓу  Општина Аеродром и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ продолжува. Денеска во училиштето „Ѓоргија Пулевски“ се одржа еколошка едукација за опасниот отпад, како дел од проектот на Еразмус „Don’t waste, save! The earth is yours“ предводен од м-р Ана Петровска.

Учениците од II-3 одделение предводени од наставниците м-р Ана Петровска и Зорица Гоговска, учениците од I-3 одделение со наставниците Маја Георгиева Павловски, Ивана Трајковска и учениците од I-2 одделение заедно со наставниците Елизабета Најдова, Дијана Кузева, Орхидеа Станковска, посветено работеа на подигнување на свеста за селекција и рециклирање на електронскиот отпад и отпадните батерии и акумулатори.

Целта на едукацијата е уште од најмала возраст да се изградат еколошки ставови кај децата и култура што води кон унапредување на животната средина и општеството во целина.

Извор: Општина Аеродром