О.Аеродром: Градоначалникот Марин на Велигденски средби во Горно Лисиче

Во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче на ден 28.04.2019 година  по 31-ви пат се одржаа традиционалните Велигденски средби.

Меѓу стотиците верници, на овој народен собир присуствуваа и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, како и претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

Манифестацијата, која почна веднаш по Велигденската литургија, беше збогатена со културно-уметничка програма и настап на голем број естрадни ѕвезди.

Организатор на прославата е Црковниот одбор на црквата „Св. Петар и Павле“, од каде што изразија задоволство што оваа манифестација ја одржува традицијата и што православните верници се вклучуваат во прославувањето на овој голем христијански празник.

Извор: Општина Аеродром