О.Аеродром: Интензивни контроли на градилиштата

Нашите инспектори изминатите деновиве вршеа интензивни контроли низ општината.

Градежен инспектор при увид на улицата „Гаврил Константиновиќ“, каде се врши ископ за почнување градежни активности, констатира дека инвеститорот не поседува правосилно одобрение за градење.

Поради тоа, на инвеститорот му се нареди да го врати ископот во првобитна состојба. Исто така, контроли се вршеа и на градилиштата во Стар Аеродром. Комуналните редари, пак, само во текот на изминатите денови изрекоа пет мандатни казни за прекршоци.

  Извор: Општина Аеродром