О.Аеродром: Ново осветлување во трговскиот центар во Лисиче

Трговскиот центар во населбата Лисиче доби целосно ново осветлување.

Старите и дотраени светилки се заменети со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.

За новото осветлување се издвоени 2 милиона и 200 илјади денари од општинскиот буџет. Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да се грижи за подобрување на условите за живот на своите жители.

Извор: Општина Аеродром