О.Аеродром: Поддршка на проектот за интегрирано пливање на децата со попреченост

Општина Аеродром го промовира проектот „Интегрирано пливање за децата со попреченост од основните училишта од Аеродром“ што се одржа во спа-центарот во кулите Џевахир.

Општина Аеродром е прва општина што го воведе овој проект за помош и поддршка на учениците со попреченост со кој им се овозможува изведување пливачки активности на оваа категорија деца. Проектот е наменет за ученици од прво до трето одделение, за кои се обезбедени два термина од по еден час со посебен инструктор за секое дете.

„Во услови на пандемија, многу е важна поддршката што им ја даваме на овие деца, кои преку пливањето и учењето на пливачките техники ја подобруваат својата психофизичка состојба и полесно се вклучуваат во општеството“, изјави градоначалникот Марин.

Неодамна Советот на Општината со ребалансот на буџетот за 2020 година изгласа доделување на 260 000 денари за оваа намена.

Извор: Општина Аеродром