О.Аеродром: Сите успеси на училиштето „Ѓоргија Пулевски“

Општинското основно училиште „Ѓоргија Пулевски“ од Аеродром периодов бележи успеси на повеќе полиња.

На Државниот натпревар по биологија во учебната 2019/2020 година, ученичката Сара Блажевска од 9-4 ја освои првата награда, под менторство на наставничката Сузана Тасевска.

Хорот на училиштето освои уште една меѓународна награда – трета во последните две години, на Меѓународниот фестивал на хорови од сите категории – Мелодианум, што се одржа од 11 до 13 декември 2020 година во Кикинда. Училиштето доби специјална награда за авторска композиција, која жирито ѝ ја додели на диригентката Весна Симјаноска за композицијата „Ѓурѓовденска“.

Како учесник во проектот „Прифати го предизвикот, биди активен“ под покровителство на амбасадите на Кралството Норвешка и Република Србија, училиштето во октомври го освои второто место, а за најдобар ученик е прогласена Матеа Мартиновска од 9-3 одделение. Овој проект го водеше наставникот м-р Гоце Кузев.

Во октомври и ноември училиштето го освои третото место на републичко ниво за учество во проектот „Предизвикај се себеси и биди активен“, кој имаше цел во време на пандемија учениците да останат активни во домашни услови и да развиваат натпреварувачки дух. Наградени се учениците: Матеја Мартиновска, Лара Милановска, Дарио Тодоровски, Џина Цветковиќ, Андреј Илиевски, Катја Гавриловска, под менторство на наставникот м-р Гоце Кузев.

Учениците и нивните ментори остварија одлични резултати на државниот натпревар по математика и единствено училиште што ќе има дури тројца претставници на претстојната јуниорска математичка олимпијада! Освојувачи на првите места на државно ниво, по одделенија, се учениците: Алексиј Тасиќ, осмо одделение и Ивано Божиновски, шесто одделение.

Општина Аеродром им честита на наградените и ги поттикнува да продолжат понатаму во нижењето успеси и во претставувањето на училиштето и на општината.

Извор: Општина Аеродром