О.Аеродром: „Социјална инклузија на ученици со посебни потреби“ во ООУ „Ѓоргија Пулевски“

На 10.9.2020 во просториите на ООУ „Ѓоргија Пулевски“ се одржа состанок меѓу претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода и директорот на училиштето, на кои беа презентирани активностите што ќе се имплементитераат во рамките на проектот „Социјална инклузија на ученици со посебни потреби“ во периодот септември ‒ декември 2020 година.

Проектот има цел да ја подигне свеста кај учениците од училиштето и нивните родители за специфичните потреби со кои се соочуваат дел од нивните соученици. Низ низа од работилници водени од страна на стручно лице со поддршка на волонтери на Црвен крст, ученици од осмо одделение ќе изработуваат сетови од дидактички материјали наменети за полесно совладување на наставниот процес на учениците со посебни потреби од прво и второ одделение.

Проектот ќе овозможи учениците од прво и второ одделение со посебни потреби да се чувствуваат поприфатени во новата средина, а воедно кај учениците од осмо одделение да се подигне свеста за различностите и да се зајакне толеранцијата и емпатија кон своите соученици.

Проектините активности ќе се заокружат со трибина за врсничко насилство со акцент на насилството врз деца со посебни потреби и со јавен настан за одбележување на Mеѓународниот ден на лицата со посебни потреби – 3 Декември, за кога е предвидена подготовка на посебна програма со уметничка изведба на учениците што се дел од проектот.

Извор: Општина Аеродром