О.Аеродром: Столе Стоилов засади дрвја во Аеродром

Спортисти предизвикани од порталот „Конкуренција.мк“ почнаа со акција за садење дрвја на територијата на Општина Аеродром под мотото „Еден за сите, сите за дрво“.

Прв предизвикан спортист што засади дрво во близина на детската градинка „Лале“ е ракометарот Столе Стоилов. Предизвикот и садењето се претставени во шоу-емисија објавена на порталот.

Идејата е да се поттикнат и други компании на општествена одговорност, кои ќе имаат задача да донираат дрвја.

Следен предизвикан спортист ќе биде ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, а дрвото ќе го донира фирмата „М Кар“.

Споделете ако ја поддржувате идејата… https://cutt.ly/mtUHeI

 

Извор: Општина Аеродром