О.Аеродром: Училиштата подготвени за учебната 2020/21 година

Осумте основни училишта во Аеродром подготвено го чекаат стартот на учебната 2020/21 година под нови услови и со нови протоколи.

Во изминатиот период ги реконструиравме и ги реновиравме зградите на основните училишта, што опфати молерисување, обнова на тоалетите, замена на подовите, на прозорците и влезните врати, како и повеќекратна дезинфекција на училишните простории.

За училиштата и за учениците набавивме нова спортска опрема и облека, училишни униформи и ИКТ-опрема, смарт-табли, прожектори и дидактички материјали.

Извор: Општина Аеродром