О.Берово: Акции за подобрување на сликата на градот

Во рамките на активностите на општината, за тековно одржување, Општина Берово во соработка со ЈПКР ,,Услуга” Берово,изврши фарбање на неколку мостови во градот.

Офарбани се мостовите на влезот од градот, кај кружниот тек, мостот кај полицијата и кај здравниот дом и со тоа е подобрен визуелниот впечаток за истите.

Во пресрет на туристичката сезона, Општина Берово започна со активности за урбано уредување на градот и воедно подобрување на целосната слика на градот.

Така, пред неколку дена Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” и АД ,, Водостопанство” Берово, спроведе акција за чистење на локалитетот ,,Беровско Езеро“.

Активностите продолжуваат и во наредните денови , кога се планира, да се садат цвеќиња и дрвја, на јавните зелени површини.

Извор: Општина Берово