О.Берово: Берово домаќин на Државно првенство во пинг-понг

Во организација на Пинг Понгарска Федерација на Македонија, во Берово, се оддржа Државното првенство во пинг-понг, за најдобрите 8 кадети, во машка и женска конкуренција.

Домаќин на првенството е Пингпонгарскиот клуб Берово, а учествуваат учесници од неколку клубови од земјата, кои покажаа најдобри резултати на досега одиграните Мастерс турнири.

Градоначалникот на Општина Берово го отвори турнирот и го истакна своето задоволстово, што оваа година државниот турнир во пинг понг, како еден од најдинамичните и најатрактивните спортови во светот, за првпат  се одржува токму во Берово и на сите учесници им посака постигнување на добри резултати.

Тој упати честитки и до клубот од Берово кој за кратко време успеа да анимира голем број на млади, кои се достојни како натпреварувачи и екипа да организираат Државно првенство.

На турнирот присуствуваше и селекторот на кадетите Владимир Закич, кој истакна дека пинг-понгот како спорт има иднина, бидејки се поголем број млади се решаваат да тренираат, со што даваат огромен придонес во развојот на овој спорт.

Иако како клуб, се нови во овој спорт, сепак како што информираше претседателот на ППК ,,Берово” Јован Ковачовски , пингпонгарите доста солидно ја претставуваат општината во досегашните натревари.

Пинг понгарски клуб Берово брои околу 20 членови од 7 до 18 години, и 10 возрасни кои интензивно тренираат во клубот.

 

Извор: Општина  Берово