О.Берово: Берово преполно за Велигден

Берово годинава беше преполно, за најголемиот христијански празник Велигден и најбарана дестинација, кога станува збор за домашните туристички центри.

100 % пополнети, беа сите туристички капацитети, се бараше место повеќе, а имаше и туристи кои неуспевајќи да најдат место за престој, го посетија Берово, на дневна прошетка.

Ова само најавува богата туристичка сезона и воедно дава силен мотив за оние кои планираат да инвестираат во туризмот.

Местоположбата, планинскиот воздух, еколошки здравата храна, богатство од лековити билки и шумски плодови, но и гостопримливоста на беровчани, се само дел од атрибутите, кои ги мамат туристите да го посетат Берово.

Со посебни импресии, оние кои еднаш дошле, повторно се враќаат и го препорачуваат Берово како одбрана дестинација за одмор и релаксација и место каде што поврзаноста на човекот и природата се вистинска реткост, низ убавата иглолисна шума, во која е сместено, која нуди незаменлив мир и спокојство.

Централната прослава на Велигден, се одржа на градскиот плоштад, каде традиционално, беа избрани најцврсто и најубаво украсено јајце а програмата беше збогатена и со културно уметничка програма, која предизвика особен интерес за посетителите.

Општина Берово и понатаму ќе продолжи да организира настани и да ја негува традицијата и културата, со цел, привлекување на туристи и повеќе содржини во туристичката понуда.

Извор: Општина Берово