О.Берово: Честитка по повод Светскиот ден на црвениот крст и црвената полумесечина

Општина Берово, на сите активисти на Организацијата на црвениот крст, на сите крводарители и хумани граѓани, им го честита 8-ми мај, Светскиот ден на црвениот крст и црвената полумесечина.

Во рамките на одбележување на денот, ОО на Црвен крст- Берово, во соработка со Општина Берово, ќе има неколку активности:

-Во просториите на ОСУ,,Ацо Русковски” во Берово, утре, четврток (10.05.2019 година), ќе се одржи едукативна работилница, под мотото ,,Промоција на хумани вредности со љубов’’ во која учество ќе земат учениците од I и II година.

-Ќе се додели хуманитарен пакет, на социјално- ранлива категорија граѓани

-во понеделник, 13.5.2019 година, во просториите на салата на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 09:30 до 15:00 часот, ќе се оддржи крводарителска акција.

Оваа година Светскиот ден на Црвениот крст, се одбележува под мотото,, Што ви се допаѓа во црвениот крст и во црвената полумесечина”.

Извор: Општина Берово