О.Берово: Договор со УНДП за Проект ,,Децата се нашата иднина – Доградба на градинката ,,23 Август”

Во рамките на Проект ,,Зајакнување на општинските совети”, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпиша договор за финансирање на Проект ,,Децата се нашата иднина -Доградба на градинката ,,23 Август” во Берово.

Донатор на овој проект е Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, а истиот е имплеметиран од Програма за развој на обединетите нации – UNDP.

Во рамките на проектот, 4 нови занимални ќе бидат целосно опремени и детската градинка ќе ги подобри условите за згрижување на децата од предучилишна возраст.

Придобивки од овој проект ќе има целата заедница, при што децата ќе имаат нови и привлечни занимални, вработените ќе имаат полесен пристап во извршувањето на својата работа, а родителите ќе имаат среќно згрижени деца.

Проектот е резултат на Форуми во заедницата и истиот е развиен преку идеите, предлозите и активното учество на граѓаните и граѓанскиот сектор, во соработка со единицата на локална самоуправа.

Истиот е со вкупен Буџет од 4.298.491,00 од кои 2.698.491,00 се од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, а останатите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Берово и се очекува во период од шест месеци да биде реализиран.

Извор: Општина Берово