О.Берово: Интерактивните табли ги заменуваат кредите и зелените табли во ОСУ,,Ацо Русковски”

ОСУ,,Ацо Русковски” во Берово е насочено кон модернизирање и унапредување на образовниот процес.

За таа цел, набавени се 2 интерактивни табли и 2 проектори, за поедноставно и брзо учење.

Наместо класичните креди и сунѓери се внесува уред, кој личи на табла, но е поврзан со компјутер, и на тој начин полесно и побрзо, учениците ќе учат и ќе ги користат сите содржини од материјата која им е потребна.

Интерактивната табла ја поттикнува иновативноста, нуди поддршка во обуки и тренинзи и создавање нови вештини. Преку нив се подобрува интерактивноста и се поттикнува вниманието кај учениците.

Преку овие табли, учениците ќе имаат можност поблиску и визуелно да следат настава и да прават истражувања, а на професорите ќе им биде овозможена лесна презентација на дигиталните соджини.

Интернетот, модернизацијата на техниката, ќе им овозможи на беровските средношколци, многу поинтересена настава и интерактивно учење.

Извор: Општина  Берово