О.Берово: Исплата на општинските стипендии за првите три месеци

Во рамките  на активностите на Општина Берово, од Програмата за социјална заштита за 2020 година, денеска на сметките на четворица средношколци, се исплатени по 6.000,00 денари, општинска стипендија за талентирани ученици.

Марио Пеовски, Клара Бојчовска, Ирена Ризовска и  Анастасија Пачемска, се талентираните ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски”, кои од општината ќе добијат по 2. 000,00 денари,  9 месеци, согласно Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија, а по објавен  Јавен конкурс.

Целта на оваа мерка, како што истакна Градоначалникот Пекевски, е да ги мотивираме младите средношколци, да постигнуваат поголеми резултати. Сметаме дека кога има и финансиски стимул, учениците ќе бидат повеќе мотивирани, да постигнуваат поголеми резултати, а со оглед и на ситуацијата со пандемијата, се надеваме дека ќе донесе и радост кај учениците, во овие времиња.

Ова е нова мерка, во Програмата за социјална заштита за 2020 година, која е предвидена да продолжи и во Програмата за  2021 година.

Извор: Општина Берово