О.Берово: Известување за акции за собирање на КАБАСТ ОТПАД

Се известуваат жителите на Општина Берово, декасекоја последна сабота во месецот, почнувајќи од последната сабота во месец јуни (29.06.2019) година,Општина Берово во соработка со ЈПКР Услуга,ќе организира собирање на КАБАСТ ОТПАД(делови од мебел, душеци, теписи и слично).

Граѓаните кои имаат потреба од отстранување на ваков отпад, секоја последна сабота во месецот, во временскиот период од 10:00 до 14:00часот, да го изнесуваат на тротоарите пред своите домови, со цел истиот да биде транспортиран на соодветно место.

Кабастиот отпад не е комунален отпад. Се аплира до населението да се придржува кон термините за спроведување на акциите за траснпортирање на истиот.

Доколку во иднина, се забележи фрлање на ваков отпад во контењерите за комунален отпад, ќе следуваат санкции од страна на надлежни органи, согласно Одлуката за комунален ред.

 

Извор: Општина  Берово