О.Берово: Ја запознаваме културата и ги негуваме културните вредности

Учениците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово, имаа отворен час за запознавање на македонскиот фолклор.

Претставници од Ансамбалот на народни песни и ора ,,Тоска” од Штип, низ интерактивни содржини, им ги доловија на учениците, народните обичаите, културата и традицијата.

Богатството и разновидноста на традиционалната култура, највпечатливо се изразени во народните носии, но и низ песната и ората.

Создавани долги години, тие, како во поглед на типските одлики, така и во поглед на кројот и украсувањето, содржат етно-белези.

Богатството на облеки со разни форми, изработени од домашно платно или волна, везот, апликациите, украсите од реси, срма, на носиите им дава карактеристично традиционален изглед.

????????????????????????????????????

Влијанието на фолклорот е големо и во современите музички текови, каде авторите одат кон уметнички стилизиран фолклорен ритуал, без да се дистанцираат од изворниот фолклор. Народните песни, биле и засекогаш ќе останат трајни извори за нови инспирации во музичкото творештво.

Извор: Општина Берово