О.Берово: Нов циклус на општинско- корисна работа

Програмата општинско- корисна работа и оваа година е дел од Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на труд, со планиран опфат на околу 430 ангажирани невработени лица, кои ќе работат како испорачувачи на социјалните и здравствените услуги на државно ниво.

Мотото на програмата е ,,Ангажирање невработени лица, за поквалитетни социјални сервиси”.

Општина Берово, во соработка со локалните институции и оваа година ќе учествува и ќе поднесе апликација за вклучување во програмата, со цел ангажирање на невработени лица и стекнување на работно искуство и вештини за поголема конкурентност на пазарот на труд.

Во следниот период, Општина Берово ќе направи анализа за крајните корисници и за давателите на услуги, ангажираните невработени лица, после што, врз основа на резултатите, ќе аплицира за одобрување на активностите од програмата.

Извор: Општина Берово