О.Берово: ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” се претставува како e-twinning училиште и го одбележуваше денот на e-twinning училилишта

ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” со повеќе активности, се претставува како e-twinning училиште и го одбележува денот на e-twinning училилишта.

Учениците, поделени во групи, заедно со наставниците по англиски јазик, реализираа повеќе активности како цртање, боење, разменување на позитивни пораки на англиски јазик и слично.

На учениците кои активно се вклучуваа во повеќе активности, им беа доделени сертификати.

Исто така во рамките на одбележување на 9-ти мај, како Ден на e-twinning училишта, e-twinning Амбасадорот Славица Чавдарска,присуствува на тематска конференција, која се одржува во Даблин, Ирска.

Извор: Општина Берово