О.Берово: Осветена црквата,,Св. Кирил и Методиј” во туристичката населба ,, Суви лаки”

Во туристичката населба ,,Суви лаки”,на ден 24.05.2019 година беше осветена, една деценија градената црква, која во чест на денешниот празник го доби името ,,Св. Кирил и Методиј”.

Со чинот на осветување, чиноначалствуваше Епископот Стобиски г. Јаков а на свечената  литургија  присуствуваше Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и претставници од Советот на Општина Берово.

Црквата е изградена со благослов од Архиепископот Охридски Македонски г.г. Стефан а иницијатори за изградба, се нашите сограѓани Мирјана и Симеон Петрови, кои воедно се и најголеми донатори за изградба.

Почетоците за изграба на оваа црква датираат од далечната 2007 година, кога се јавила потребата за жителите но и за туристите од населбата ,, Суви лаки”да добијат свој храм.

По осветувањето на храмот, од страна на иницијаторите за изградба на овој храм, беше организирана свечена трпеза.

Извор: Општина Берово