О.Берово: Подобрување на комуналните услуги за граѓаните

Во изминатиот период, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга “, превзема повеќе активности за подобрување на комуналните услуги за граѓаните.

ЈПКР ,,Услуга” во соработка со месната заедница с. Митрашинци, го санира преодниот пат на мостот на ,,Ленишка река’’ во с. Митрашинци.

Во рамките на пролетните активности, извршено е кастрење на дрвјата, посадени се цвеќиња и дрвја на неколку локации на јавни површини, се врши косење на коритото на река Брегалница во градот и се обновуваат кантите за отпад во централното градско подрачје.

Во пресрет на туристичката сезона, се подобрува сликата за градот, со цел да оставиме впечаток на атрактивно туристичко место и зголемување на бројот на туристи.

Во периодот што следи, согласно временските услови, се планира да се изведат акции за чистење на селските мегдани.

Извор: Општина Берово