О.Берово: Пожарникарите добија нови униформи

Согласно Програмата за работа на ТППЕ Берово, за 2020 година и согласно Правилникот пропишан од Дирекција за заштита и спасување, беровските пожарникари после долго време добија нови униформи.

Униформите се набавени по правилникот дефиниран од Дирекцијата за заштита и спасување и ги исполнуваат сите барани стандарди за таква униформа.

Униформите денеска им ги додели Градоначалникот Пекевски, кој посочи дека работата на пожарникарите е од непроценливо значење за општеството. Истите често пати се на предизвикот на ризик на сопствениот живот, во борбата да се спаси друг човечки живот или имот.

„Ви посакувам многу успех во извршувањето на вашата благородна работа и се надевам дека нашата соработка, секогаш ќе резултира со големи работни успеси.“ – додаде градоначалникот Пекевски.

Средствата за униформите се обезбедени од Општина Берово со Буџетот за 2020 година.

Територијалната противпожарна единица од Берово брои вкупно 15 пожарникари и според Законот за пожарникарство, дејствува на територииите на соседните општини Берово и Пехчево.

Извор: Општина Берово