О.Берово: Презентација на придобивките кои ги нуди Агромереоролошката станица

Општина Берово ги поканува, сите заинтересирани земјоделци, да присуствуваат  на презентацијата за читање на параметрите,  кои ги нуди новопоставената агрометеоролошка станица во Берово,  за заштита на земјоделските култури, на ден 26.10.2020 година (понеделник), во салата на Бизнис инкубатор Берово, со почеток во 12:00 часот.

Агрометеоролошка станица во Берово е една од 11-те поставени во Источниот регион,  која ќе овозможи, подобрување на условите за заштита на животната средина, преку воведување на современи технологии во земјоделството, намалување на загаденоста, подобра информираност на земјоделците за болести, кои може да се јават на земјоделските култури во одреден временски период, намалување на трошоците за заштита на земјоделските производи…..

Сите кои ќе присуствуваат на настанот, ве молиме да ги почитувате мерките и препораките за заштита од КОВИД 19 .

Извор: Општина Берово