О.Берово: Реконструирани тоалетите во ОСУ Ацо Русковски

Во рамките на подобрување на условите за учење, на учениците средношколци, неодамна е завршена реконструкцијата на тоалетите во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.

Во рамките на проектот, реконструирани се тоалетите на двата спрата во средното училиште и просторијата за практична настава за туристичко угостителската струка.

За овој проект од Буџетот на ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово, потрошени се 1.874.963,00 денари.

Инаку, во моментот во ОСУ,,Ацо Русковски” во Берово, on line настава следат вкупно 369 ученици.

Извор: Општина Берово