О.Берово: Се оградува училишниот двор на ООУ,,Никола Петров Русински” – с. Русиново

Пред стартот на новата учебна година, со цел да се подобри безбедноста, сигурноста и условите за учење на учениците, во ООУ ,,Никола Петров Русински”, во тек е оградување на училишниот двор. 

Во оваа училиште во соработка со општина Берово и Владата на Република Северна Македонија, годинава ќе се изврши и хортикултурно уредување, при што учениците, новата учебна година ќе ја започнат со подобрени услови за настава, со уредена дворна површина.

За оградување на училишниот двор, од Буџетот на ООУ,,Никола Петров Русински”, ќе бидат исплатени 1.153.826,00 денари.

Инаку не само во с. Русиново, условите за учење се подобруваат и во ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, каде што во тек е уредување на дворната површина во Берово, а се подобруваат и условите за учење во подрачните училишта.

Извор: Општина Берово