О.Берово: Се подобрува патната инфраструктура во с. Ратево

Како дел од Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2020 година, денеска привршуваат активностите за реконструкција на две улици во село Ратево, ул.,,Први мај” и крак од ул.,,Маршал Тито”.
Улиците се асфалитарани со 12 цм асфалтна маса , едната улица е со 3 метри широчина другата со 3,5 и е поставена решетка за одводнување.
Со ова уште еднаш покажуваме дека се грижиме за подобрување на условите за живот за сите граѓани.
Реконструкцијата на овие улици е од големо значење во подобрување на патната инфраструктура, при што исто така се олеснува и пристапноста на жителите до нивните имоти.
За реконструкција на ул.,,Први мај”, од општинскиот Буџет за 2020 година ќе бидат потрошени околу 827.000,00 денари а за крак од ул.,,Маршал Тито”, 695.000,00 денари.
Извор: Општина Берово