О.Берово: Се реконструира подот во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”

ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, новата учебна година ќе ја започне со реконструиран под на улилниците, холовите и ходниците, во вкупна поврешина од 1100 м2.Се менува старата дотраена подна површина, со нова самоливна полиутеранска подлога во боја, која што во исто време е и антибактериска.Во исто време во ова училиште се работи и на уредување на дворната површина.

Со секојдневно подобрување на условите за учење, им помагаме на учениците да можат да ги дадат резултатите кои ги очекуваме од нив, вложувањето во образованието е сигурен пат кон успехот.

Во овие времиња мора да се насочиме исто така и да помогнеме во формирањето на нивните здрави навики- истакна Градоначалникот Пекевски.За реконструкција на подните површини од Буџетот на училиштето ќе бидат исплатени 2.300.000,00 денари.

Извор: Општина Берово