О.Берово: Се уредува етнолошкото катче во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”

Во рамките на наставната содржина по ликовно образование, негувајќи ја македонската култура и традиција, ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово, континуирано ги надополнува содржините во етнолошкото катче.

Етнолошкото катче, е проект, на кој се работи подолг период и ги содржи сите елементи, кои го отсликуваат стилот, на едно старо традиционално македонско семејство и на автентичен начин ни доловуваат едно минато време, силно врежувајќи ги во меморија, традиционалните малешевски шари и малешевските традиционални кујнските елементи.

Моментот на традиционален стил е дополнет со уметнички цртежи со етно мотиви, на ѕидот, кој привлекуваат внимание и претставуваат рај за очите.

Автентичниот стил, на уредениот простор, силно ја зачувува традицијата на малешевската домаќинка и претставува негување на традиционалните културни вредности, како битни обележја на еден народ.

Инаку, во основното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски” , изминатиот период се реализирани голем број на проекти како за разубавување на училиштето, така и капитални проекти, кој на училиштето му даваат целосно нов сјај.

Извор: Општина Берово