О.Берово: Се врши крпење на ударни дупки на улиците и локалните патишта

Во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2019 година, изработена од Одделението за комунални дејности и заштита на животна средина, Општина Берово,започна со крпење на ударни дупки на улиците и локалните патишта.

Се врши крпење на ударни дупки на улиците : ,,Борис Кидрич”, ,,Партизанска”, ,,Задарска”, ,,11ти Октомври”, ,,Велко Влаховиќ”, ,,Неретва”, ,,Марксова”, Локален пат,,Абланица”, ,,Ѓуро Ѓаковиќ”, ,,Маршал Тито” и ул.,,Илинденска” .

Во рамките на истата програма, предвидено е да се санира ригола на ул. ,,Страшо Пинџур”, а ќе се санираат и ударни дупки на влезот во с. Русиново, на улици во с. Митрашинци и во с. Владимирово.

Извор: Општина Берово