О.Берово: Состанок за пречистителната станица за отпадни води и заштита на животната средина во Малешевијата

На иницијатива на беровскиот совет, во просториите на општина Берово, Градоначалниците на општина Берово и Пехчево, петставниците на беровскиот и пехчевскиот совет и директорите на комуналните претпријатија од Берово и Пехчево, одржаа состанок, за одржливо управување со пречистителната станица за отпадни води и заштита на животната средина во Малешевијата.

На состанокот беше потенцирано, дека е потребно одржливо да се стопанисува со пречистителната станица, со цел заштита на водите на река Брегалница и на животната средина и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, што впрочем е обврска по договор  за општините, што  на сметките  за комунални услуги на граѓаните на општина Берово, веќе подолг период се рефлектира, а за истото сеуште не се вклучени во системот за наплата,  жителите на општина Пехчево.

Притоа е разговарано, да се изнајде заеднички начин, во рамки на законските надлежности,  Советот на општина Пехчево, до крај на месец октовмври, да одржи седница и да се запознае  за обврските, кои произлегуваат од договорот  и потоа да се закаже состанок во регулаторна комисија, да се утврди износот на обврската, која граѓаните треба да ја плаќаат, односно за колку треба да биде зголемена сметката за комунални услуги, на жителите на општина Пехчево.

Извор: Општина Берово