О.Берово: Викендот се одржа велосипедска спортска авантура

Во организација на Планинарскиот Спортски Клуб Малешевска Корија, викендот во Берово се одржа настанот „Малешевска Корија – Спорт авантура 2020“. Настанот како што информирше Дина Муцунска, Претседател на клубот и организатор, е поддржан од Агенцијата за млади и спорт во рамки на „Европската недела на спортот“. Активноста е поддржана од Агенцијата за млади и спорт преку проектот „Европска недела на спортот“-Be Active за што се заблагодаруваме на менаџерката Александра која ги препозна вредностите на нашето здружение, во неговите активности за промоција на планинските спортови и здравите животни навики.

За успешна реализација на настанот ни помогнаа општината и градоначалникот, полицијата, брзата помош и докторите кои ќе се погрижат за безбедноста и сигурноста на сите учесници. Настанот вклучува две планински велосипедизам – „МТБ“ тури, низ многу атрактивни предели на Берово и неговата околина, како неколку културни објекти, природни знаменитости, Езерото, вековни шуми, пространи видици, многу забава и дружење и е наменет за љубителите на природата, младите, рекреативците, спортистите, како и за оние љубопитните кои сакаат да ја почувствуваат планината одблиску низ активно искуство.

На настанот имаше учесници од цела Македонија и сите презадоволни и со насмевки на лицето се заблагодаруваа за организацијата и за прекрасно поминатото време. Планиннарско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово ги стави на располагање за изнајмување своите 25 премиум планински велоспиеди, кои се од голема вредност за развој на планинскиот велосипедизам во регионот.

Извор: Општина Берово