О.Битола: Бекатон плочки на краци од улиците “Лавчанска корија” и “Цар Самуил”

Несоодветниот пристап до домовите на жителите во одделни краци од улиците „Лавчанска Корија“ и „Цар Самуил“, станува минато.

На барање на локалното население, Општина Битола деновиве постави бекатон плочки на краци од улицата „Лавчанска корија“ на површина од околу 200 метри квадратни, а денес (02.05) и на поголем крак од улицата „Цар Самуил“ на површина од 340 метри квадратни. Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Коп Инженеринг“ од Скопје.

Поставувањето на бекатон плочките на површина од над 500 метри квадратни,ќе значи олеснет пристап до домовите на жителите на овие улици, за кои претходно, со години наназад, не се нашло соодветно решение.

Извор: Општина Битола