О.Битола : Денот на планетата земја одбележан во знакот на селектирање на отпадот

Еко центарот како дел од ЈП „Комуналец“  со поддршка на Општина Битола, беше носител на настанот со кој во Битола се одбележа Денот на планетата земја на 22 април. На пет пунктови низ градот, односно во Старата битолска чаршија, плоштадот Магнолија, кај хотелот Епинал, кај Офицерски дом и во Новиот пазар, ученици од битолските основи и средни училишта и деца од градинките, заедно со нивните наставници, делеа флаери на граѓаните, на кои е прикажан начинот за селектирање на отпадот, Градоначалничката Петровска истакна дека веќе е видлива зголемената еколошката свест кај граѓаните и го поздрави масовното вклучување на образовните институции во ваквиот едукативен систем.

sdr

„Она што ме прави исклучително среќна е тоа што сите активности што ги спориведуваше ЈП „Комуналец“ во изминатата година беа токму во таа насока, дека не може тоа да го прави само јавното претпријатие, или само Општината, туку сите заедно, севкупната општествена заедница со поддршка на општината и со поддршка на јавните претпријатија, треба да работи во насока на подобрување на условите во кои што живееме за зачувување на животната средина и тие поместувања се евидентини. Во таа насока се и голем број акции што се спореведоа, а беа поддржани од невладини организации, претставници од урбаните заедници. Сметам дека во таа насока треба да продолжиме и во наредниот период“, посочи Петровска.

sdr

Навиките кај граѓаните за селектирање на отпадот се уште не се на задоволително ниво, иако има извесен напредок, рече техничкиот директор на ЈП „Комуналец“ Зоран Дојчиновски.

„Веќе подолго време ЈП „Комуналец“ врши селекција на хартија и пластика преку организиран систем, а за таа цел на територијата на Општина Битола поставени се 160 пластични контејнери со волумен од 1,1 метар кубен во жолта боја и 1650 пластични канти за индивидуалните домаќинства. За селекција на отпадната хартија на територијата на градот Битола поставени се педесетина пластични контејнериисто од 1 метар кубен во плава боја наменети исклучиво за правните лица кои што генерираат отпад од хартија. Покрај овие процеси на селекција на отпадот, ЈП „Комуналец“ преку организиран систем врши селекција на габаритен отпад и отпад од електрична и електронска опрема“, истакна Дојчиновски.

Споредбено, ЈП „Комуналец“ постојано секоја година собира и селектира се повеќе хартија, додека во делот на пластиката се движи на константна бројка од околу 4 тони годишно.

Извор: Општина Битола