О.Битола: Глобална акција за борба против ракот на дојка

Општина Битола се приклучи кон глобалната акција на европско ниво „Race for the Cure“, со поддршка за борба против ракот на дојка, како партнер на здружението „Борка-за секој нов ден“.

За таа цел, општината изработи мурал, кој беше промовиран во текот на вчерашниот ден во присуство на градоначалничката на Општина битола м-р Наташа Петровска, како доказ за трајната и посветена општинска поддршка. Потоа, како дел од големиот масовен европски настан, низ Градскиот парк во Битола се одржа симболична прошетка во знак на подигнување на свеста за ракот на дојка.

Активно учество во овој настан имаа и претставничките од Авон Македонија и Здружението Јасмин од Битола.

Извор: Општина Битола