О.Битола: Хотел Молика-Одбележување 25 години постоење

Со панел дискусии на теми „Современите видови во туризмот и примената на новите технологии во валоризацијата на преспанско – пелагонискиот регион и Националниот парк – Пелистер како туристичка дестинација“ и „Преспанско – пелагонискиот регион како туристичка дестинација за четири сезони и нејзина промоција на соодветен начин“, во организација на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, на ден 24.04.2019 година беа одбележани 25  години  од отворањето на хотелот Молика.

„Изминатите 25 години напорна работа, сведочат за врвен професионализам, квалитетна и единствена услуга со препознатлива  елеганција која  го опишува чувството да се биде горд на својата долгогодишна работа, и да се има честа истата таа гордост да се сподели со најдобрите гости, пријатели и колеги, кои еден туристички работник може да ги посака“, беше речено на манифестацијата, на која преку презентација на слики беше доловена една цела приказна, која раскажува за двеиполдецениското работење.

Како една од мерките кои се реализираат во насока на поддршка на развојот на туризмот, во овој дел, Општина Битола, продолжува со изградба на колекторскиот систем за прифаќање на отпадните води.

На своите соработници и поддршувачи, меѓу кои и Општина Битола, друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ, им додели благодарници и плакети, посакувајќи во иднина уште поуспешна соработка.

Извор: Општина Битола