О.Битола: Известување

Техничкиот проблем кој се појави утринава при аплицирањето на граѓаните – жители на Општина Битола на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општината за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, е надминат.

Страницата btsubvencii.mk повторно ќе биде ставена во функција во 19.30 часот.

Дотогаш, сите граѓани кои аплицирале во периодот од 08:00 до 08:43, а не добиле повратна информација, ќе добијат известување на внесената мејл адреса, за статусот на аплицираното барање.

Се молат граѓаните при аплицирањето, да ги следат насоките дадени во упатството за аплицирање.

Извор: Општина Битола