О.Битола: Известување до Граѓаните – Објавена е патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите

На ден 21.05.2019 година се случи сообраќајна незгода на преминот на железничката пруга во близина на полигонот за обука и полагање на возачи од Општина Битола, на патот кој се користи за пристап до земјоделските парцели од двете страни на патот. За среќа,  сообраќајната незгода помеѓу воз и патничко возило завршила со мали материјални оштетувања на возилото, без никакви последици за учесниците во немилиот настан.

Со цел во иднина да бидат избегнати ваквите несакани ситуации, Општина Битола апелира до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари – Карамани.

За таа цел, ја објавуваме патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите.

Извор: Општина Битола