О.Битола: Објавен јавниот повик за Битфест 2019

Општина Битола го објави јавниот повик за учество во програмата на Битфест 2019 година. Јавниот повик се однесува на кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата и тоа:

– музичко и музичко – сценска уметност

– театар

– ликовна уметност

– видео, фото, филмска уметност

– литература

– фолклор

– нови уметности

Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 4.000.000 денари. Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, Здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да се случи на територија на Општина Битола. Деталите за јавниот повик и потребното барање, може да ги најдете на веб страницата на Општина Битола, на следниот линк:

Краен рок за поднесување на апликацијата со прилозите во еден примерок е петок, 7-ми јуни 2019 год., до 16 часот.

Извор: Општина Битола