О.Битола: Планови за нова соработка со Француската Национална асоцијација на историски и заштитени градови

Директорката на Француската Национална асоцијација на историски и заштитени градови, г-ѓа Марилиз Ортиз, заедно со почесниот конзул на Франција во Битола, на ден 23.05.2019 година имаа средба со заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски. На средбата се разговараше за проширување и продлабочување на соработката која француската национална асоцијација ја има со општина Битола, повеќе од 20 години, а во чии рамки се реализирани проектите „Инвентаризација на Старата битолска чаршија“ и проектот „Сигналитика“.

Француската национална асоцијација на историски и заштитени градови, располага со фондови за соработка во областа на културното наследство, а во изминатиот период, после соработката со Македонија, воспостави успешна соработка и со други земји од регионот.

Во контекст на нови заеднички планови со Општина Битола, веќе се предвидени конкретни активности кои ќе се реализираат во периодот што следува.

Извор: Општина Битола