О.Битола: Продолжува асфалтирање на улиците во Долно Оризари

Седум улици во Долно Оризари за првпат добиваат асфалт. После вчерашното асфалтирање на една од улиците, вчера се подготвуваат за асфалтирање и другите улици кои е предвидено да бидат асфалтирани во оваа фаза. Со реализацијата на овој проект, ќе им се овозможи на жителите да заборават на долгогодишните проблеми со кои се соочуваа низ годините, движејќи се до своите домови низ улици со кал во зима или прашина во лето.

Вкупната вредност на договорот за реализација на овој проект изнесува 4 696 063 денари, средства од буџетот на Општина Битола.

Извор: Општина Битола