О.Битола: Проширување на конечната листа на апликанти за Инвертен Клима

После објавената конечна листа од 2500 апликанти за инвертер клима уреди, Општина Битола, побара од Владата на РСМ доискористување на средствата, наменети за субвенционирање по овој основ. Со донесената одлука на Владата на РСМ, листата се дополнува со следните 183 апликанти кои ги исполнуваат условите. (Правилник за субвенционирање член 5).

На проширената конечна листа во прилог се наоѓаат носители на уште 183 домаќинства кои добија можност печките на тврди и фосилни горива да ги заменат со инвертер клима уреди, за затоплување на станбениот простор во кој живеат.

Согласно претходно наведеното, секој граѓанин кој се наоѓа на проширената листа на апликанти кои ги исполнуваат условите пропишани во јавниот повик и правилникот за субвенционирање, според изготвениот распоред, треба да пристапи кон физичка достава на документацијата поднесена при електронското аплицирање, надополнета со:

  • профактурата да биде заменета со фактура со исти податоци и содржина, како и профактурата, (апликантите кои аплицирале со фискална сметка, ја доставуваат фискалната сметка во оригинал),
  • барање своерачно потпишано од апликантот (се симнува од овој линки покрај останатите податоци се внесува датумот на аплицирање и бројот на предмет добиен при аплицирањето)
  • изјава заверена на нотар (се симнува од овој линк)
  • испечатена фотографија од печката на тврди или фосилни горива, која ќе биде заменета со инвертер клима уредот.

Документот со серискиот број на клима уредот кој ќе биде внесен во гарантниот лист/налогот при монтирање на климата, граѓаните потребно е да го чуваат, бидејќи тој документ ќе треба да се достави до Општина Битола при предавање на печката на тврди или фосилни горива.

Напомена:Физичката достава на документацијата ќе се врши на соодветно обезбедените шалтери, согласно протоколите за заштита од КОВИД 19, лоцирани во зградата каде што е сместена салата на Советот на Општина Битола. Лицата од оваа листа кои поради одредени причини (изолација или инфицираност со коронавирус) се спречени доставата на документацијата да ја извршат во наведениот термин, потребно е телефонски да контактираат со одговорните лица на долунаведените контакт телефони, со цел закажување на друг термин.

Шалтер број 1 контакт телефон 075/276-982

Шалтер број 3 контакт телефон 076/365-531

Извор: Општина Битола