О.Битола: Реконструкција на дел од улицата “Кленовец”

На иницијатива на локалното население од крак на улицата „Кленовец“, кое пред три недели побара решение за нивниот проблем, започна целосната реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на овој потег.

Општина Битола, преку своите јавно претпријатија ЈКП „Водовод“ и КЈП „Нискоградба“, започна со менување на водоводната мрежа и мешаната атмосферска канализација на овој крак од улицата „Кленовец“, по што кракот ќе биде партерно уреден.

На задоволство на жителите на оваа улица, нивните барања стануваат реалност, преку решавање и надминување на уште еден, за нив суштински проблем.

Извор: Општина Битола