O.Битола: Зачувување на историјата преку запазување на значајните историски датуми

sdr

Пред 77 години, на 3 мај беше разбиен првиот партизански одред „Плистер“, при што во  нерамна борба во Ореовската корија загинаа борците од првиот битолски партизански одред „Пелистер“. На местото на настанот, во селото Ореово, каде животот го положија Ордан Михајлоски-Оцка од Прилеп, Елпида Караманди-Бисера од Битола, Јосиф Јорданоски-Јоска од Прилеп, Мара Јосифоска-Ѓурѓа од Прилеп, Димират Николовски-Таки Даскало од Битола и Димче Хаџипоповски од Битола, денес цвеќе положи градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, како и претставници на Сојузот на борци од Битола и од Прилеп.

dav

По церемоијата на полагање свежо цвеќе во селото Ореово, на плоштадот „Магнолија“ се одржа Свечена академија по повод разбивањето на првиот партизански одред „Пелистер“. Учениците од 3в одделение од основното училиште „Елпида Караманди“, со пригодна програма, го одбележаа овој датум од македонската историја.

dav

Од плоштадот „Магнолија“, децата, заедно со својата наставничка, испратија порака дека мирот и слободата се најскапоценоите нешта кое човек ги поседува. Симболично, со песната „Гулаби бели“,во небото над Магнолија се вивнаа неколку гулаби, за да го означат патот кој ние денес го живееме, благодарјќи им на оние, кои ги положиле своите животи во име на нашиот мир и слобода.

Извор: Општина Битола