О.Богданци: Изградба на атмосферска канализација со реконструкција на дел од колекторскиот систем

Општина Богданци го склучи договорот за изградба на атмосферска канализација на ул.„Петар Мусев“ со реконструкција на дел од колекторски систем.

Согласно спроведената постапка за јавна набавка изведувач на активностите е правното лице ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Скопје.

Вредноста на склучениот договор со ДДВ изнесува 1.971.765 денари, средства обезбедени во Буџетот на Општина Богданци, согласно Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Богданци за 2020 година.

Рокот за изведба на работите изнесува 60 дена од денот на водедување во работа.

Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води кои го затнуваат колекторскиот систем со песочен нанос за што беше потребно постојано негово чистење. Со ова решение ќе се издвојува атмосферската вода од фекалната така да атмосферската вода директно ќе истекува во реципиентот река „Луда Мара“ а фекалната ќе истекува во колекторскиот систем.

Извор: Општина Богданци